Џони Деп се онесвестил во хотелска соба: Откажан концертот во Будимпешта, ова се деталите

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер и музичар Џони Деп синоќа требаше да настапи со својот бенд „Холивудски вампири“ во Будимпешта, но концертот беше откажан.

Како што пренесува The Mirror, Џони се онесвестил во својата хотелска соба, по што бил повикан лекар, а групата не успеала ниту да се качи на сцената.

„Се беше наместено, тимот од зад сцената беше подготвен за забава. Никој не помисли дека може да има проблем, особено што членовите на бендот го направија сетапот на звукот кој беше закажан за попладне“, изјави еден од организаторите.

На социјалните мрежи многу фанови ја изразија својата загриженост за Џони и му посакаа брзо закрепнување.

Иако ова не беше наведено како официјална причина за откажувањето на настапот, на социјалните мрежи нашироко се споменува наклонетоста на Деп за прекумерно консумирање алкохол.

Слични содржини