ДНР: Трибуналот за украински воени злосторници распореден на неколку локации

од Stefanija Kuzmanovska

Обезбедени се неколку локации за работа на судовите пред кои ќе се гонат украинските воени злосторници, соопшти денеска лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин, пренесува ТАСС.

„Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред Трибуналот, не се работи само за членовите на баталјонот Азов, бидејќи како што напредува истрагата и работата со сведоците и жртвите од ослободените населени места, излегува дека злосторствата што ги извршиле другите единици , вклучително и украинската армија, не биле ништо помалку страшни и цинични“, изјави Пушилин во живо за ТВ каналот Соловиев.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, претходно изјави дека доколку има судење на украинските војници заробени од руските сили во Мариупол, какви било преговори со Русија ќе станат невозможни.

Слични содржини