Доктор Кон: Носењето на торти на работа го поттикнува ширењето на корона, вирусот се враќа

од Aleksandar Petrovski

Коментирајќи ги најновите податоци, српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон изјави за РТС дека нема сомнение дека вирусот корона се враќа.

– Без разлика дали тој ќе се врати со поголема сила, ќе почекаме. Овој вирус ни покажа дека не знаеме ништо за него и дека покажа дека во овие месеци, во овој дел од годината, тој е многу активен и способен да се пренесе – рече д-р Предраг Кон за време на гостувањето во емисијата Око.

Кон додаде дека треба да се потенцира дека вирусот најмногу се пренесува во Белград на одредени прослави, како забави и родендени, но и со донесување торти во фирма.

– Сепак, имаме скоро меѓу 57 и 58 проценти од оние кои не знаат како се заразиле, што јасно покажува дека вирусот циркулира во Белград – рече Кон и додаде дека новата ситуација е нешто што не може да се игнорира и мора сериозно да се сфати и да се повикаат граѓаните повторно да започнат да се придржуваат кон мерките.

Слични содржини