Дончиќ повторно го запиша своето име во историјата на НБА со уште едно големо достигнување

од Vladimir Zorba

Словенечката кошаркарска ѕвезда на Далас Маверикс – Лука Дончиќ, забележа историски „трипл-дабл“ во средба од НБА лигата против Детроит Пистонс, во која Маверикс победија со 142:124.

Дончиќ успеа да постигне 39 поени и да додаде 10 скока и асистенции. Ова беше негов шести последователен „трипл-дабл“, во кој со постигнати поени надмина 30. Така, тој стана првиот играч во НБА кој направил нешто вакво.

Последен кој забележа пет последователни „трипл-дабл“ со преку 30 поени во секој од нив беше актуелниот бек на ЛА Клиперс – Расел Вестбрук, а тоа се случи во 2017 година.

Слични содржини