Дови ќе забележи рекорд во Мото ГП ако освои пол-позиција во Австралија

од Vlatko K

Шампионот за сезоната 2018 во MotoGP може и да е јасен, но тоа не значи дека преостанатите три круга од календарот ќе бидат помалку интересни. Марк Маркез пристигнува во Австралија, каде што демонстрира многу добра брзина во последниве години, како петкратен светски шампион во кралската класа и без непотребни тензии врз рамената. Тоа значи дека тој нема да притиска премногу за висок пласман, додека двајцата зад него во шампионатот – Андреа Довициозо (Ducati) и Валентино Роси (Yamaha) ќе спорат за втората позиција во генералниот пласман.

Ако Дови успее да освои пол-позиција за неделното Гран При на Австралија, за прв пат во својата кариера тој ќе стартува прв три круга по ред во рамките на една сезона.

Ако пак пилотот од Moto2 Франческо Банаја успее да победи на трката во неделата, тој ќе се израмни со Маркез како најуспешен возач во меѓу класа со девет победи во сезоната. Во моментов Италијанецот го дели второто место со Јоан Жарко со осум победи за една сезона.

Ако топ пилотот на Honda победи со три поени повеќе од топ пилотот на Ducati, Honda ќе го освои шампионатот кај конструкторите за сезоната 2018.

Слични содржини