Дрисла: Уништен контроверзниот путер со поминат рок (ФОТО)

од Nikola Popovski

Запленетиот увозен путер со изминат рок, во количина од 4,325 килограми, е уништен на депонијата Дрисла, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) како дел од 20 тонски увоз што го реализирала компанијата.

Путерот крена „многу прашина“ и контроверзии во јавноста откако вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, побара целосна истрага и одговорност за него.

Директорот на АХВ, Николче Бабовски денес соопшти дека станува збор за путерот „Суташ“.

„Утврдено е дека декларацијата ја надминала и рокот и номенклатурата на путерот. Путерот бил увезен од Турција, а не од Германија и легално биле увезени 20.000 килограми. Во приложената документација, со двонеделните контроли е утврдено дека манипулации се правеле и со потеклото на овој производ и со излезните фактури. Се наведувало дека путерот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност за наведените количини подоцна од раководните лица од млекарницата било потврдено дека не се дистрибуирани, туку се складирани во магацинот на млекарницата“, изјави Бабовски.

Слични содржини