Дуда: Полска нема да ја укине забраната за увоз на украинско жито ниту по 15 септември

од Stefanija Kuzmanovska

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека неговата земја нема да ја укине блокадата за увоз на украинско жито, дури ниту по 15 септември, кога истекува забраната.

„Очигледно е дека ние постојано ја поддржуваме Украина во одбраната од руската агресија, но наша најважна должност е да ги заштитиме интересите на Република Полска“, рече Дуда, пренесува ПАП.

Тој додаде дека се работи за одбрана на внатрешниот пазар и пазарот на Европската унија.

Слични содржини