Двајца полицајци избодени со нож во центарот на Лондон, нападот нема врска со тероризам

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца полицајци се повредени денеска во напад со нож на улица во центарот на Лондон, а напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, за Би-Би-Си изјави дека нападот нема врска со тероризам и дека ниту еден од повредените полицајци, кои се пренесени во болница, не е во животна опасност.

Нападот се случил на плоштадот Лестер, каде има многу туристи, но не во близина на Вестминстерската сала каде илјадници луѓе чекаат во редица за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета Втора.

Слични содржини