Дванаесетгодишен гениј рамо до рамо со Ајнштајн и Хокинг: Татко му само сакал да пронајде пријатели

од Nikola Popovski

Сајрус Леунг (12) од Шефилд, Англија го положил тестот за интелигенција за влез во „ексклузивното друштво“ на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг со резултат од 160, што е само два поени помалку од највисокиот можен резултат од 162.

Неговиот татко Френк Леунг (42) го предложил Сајрус на тестот бидејќи мислел дека тоа ќе му даде шанса на неговиот син да „пронајде пријатели кои имаат слични интереси како него“. Основана во 1946 година, Менса е меѓународна група за поединци со висок коефициент на интелигенција и прифаќа само членови со IQ од 131 или повеќе.

Размислувајќи за неговото достигнување, Сајрус вели дека е „многу горд на себе“. Седмоодделенецот е талентиран пијанист и сака да стане математичар или научник кога ќе порасне. Англискиот не е ниту првиот јазик на Сајрус бидејќи неговото семејство емигрирало од Хонг Конг во Шефилд во 2019 година. Постариот Леунг, кој работи како IT менаџер, вели дека прочитал неколку написи за други деца кои се приклучиле на Менса и мислел дека тоа би било добро за развојот на неговиот син.

„Тој само сакаше да пронајде пријатели кои имаат слични интереси како него и потоа да се обиде подобро да ги развие своите интереси. Мислев дека би било добро за него да ги надгради своите вештини“, објаснил таткото. Оженетиот татко на две деца вели дека Сајрус бил „нервозен“ пред тестот, но бил „навистина, навистина возбуден“ кога неговите резултати пристигнале по пошта.

„Беше нервозен, дојде до тест центарот и сфати дека го заборавил часовникот“, се сеќава Френк Леунг.

„Не знаеше уште колку време му преостанува и мислеше дека ќе му снема време да одговори на сите прашања“, додал Френк. Таткото истакнал дека неговиот син бил многу, многу возбуден кога ги добил резултатите бидејќи „не очекувал толку висока оценка“.

„Тој е навистина горд на себе и мислам дека ова е нешто што ќе го памети до крајот на животот“, изјавил гордиот татко.

Омилениот предмет на Сајрус на училиште е математиката и тој успеал да ја реши табелата за множење на само три години. „Тоа е неверојатно достигнување“, информирал таткото и нагласил дека уште од мали нозе знаеле дека е синот е добар со бројки, пренесува „Дејли Мејл“.

„Навистина сум горд на него и неговото неверојатно достигнување. Не му е лесно да го прави тоа на толку млада возраст”, се пофалил постариот Леунг.

Слични содржини