Две и пол години Европска зоолошка, нови животни и многу новитети (видео)

од Берта Китинска

Изминатите две и пол години, Скопје Зоо доби нов лик, нови животни и многу новитети. Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на ЕАЗА ( Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки).

Ова е дел од она што е направено во изминатиот период:

– Се изградија нови асфалтирани патеки и се поставија патокази и информативни таблички пред секое живеалиште

– Поставени се нови тоалети на две локации

– Зоо Скопје стана првата дигитализирана зоолошка на Балканот со зоо апликација, смарт клупи и онлајн продажба на билети

– Ги исполнуваме еко стандардите со електрични возила- мини бус, мини колички, електрични скутери и тротинети.

– Доизградени се живеалиштата за слонови и шимпанза

– Изградени се нови живеалишта за фламинга и пингвини

– Направена е Бејби Зоо, новото омилено место на најмалите

– Нови хортикултурни уредувања низ градината и редовно чистење на големите езера после 13 години

– Направивме Дино Парк со најголем број на диносауруси на Балканот- вкупно 41 диносаурус во природна големина, кои се движат и испуштаат звуци

– Имаме нови жители на Скопје Зоо, голем дел за првпат во нашата градина- Пингвини, фламинга, слонови, шимпанза, алпаки, двогрби камили, белоносести коати, ему птици, бели лавови, бели волци, африкански желки, верверички, папагали.

– Ново брендирање на влезот на градината

– Нови катчиња за фотографирање кои се омилени меѓу посетителите

– Реновирање на голем број живеалишта со цел подобори услови и благосостојба на животните

– Едукативни програми и Zoo keepers talk за викенди

– Нови детски игралишта и голема игротека на отворено за родендени

– Нови летниковци

– Јуниор авантура парк за деца

– Нови корпи за отпадоци кои сега ги има над 200 низ градината, како и нови клупи.

– Табли со кодекс за однесување, како и кампања за заштита на животните

– Работиме на заштита на дивите животни во соработка со светски организации како 4 Paws и нашето Министерство за животна средина

Зоо Скопје и понатаму ќе продолжи со проектот „Европска Зоолошка“ со поддршка од Градот Скопје.

Слични содржини