Еден човек е уапсен откако автомобил удрил во главните порти на Даунинг стрит

од desk4

Сребрената Kia удрила во портите околу 16.20 часот, се вели во соопштението на Метрополската полиција.

Возилото излегло од паркинг до зградата на Министерството за одбрана. Потоа го премина Вајтхол, во близина на кенотафот, пред нагло да се залета а потоа и да удри директно во портите на Даунинг стрит.

На пешаците им било кажано да се „поместат назад“ од полицијата бидејќи возачот бил уапсен под сомнение за кривично дело.

Полицијата соопшти дека нема повредени и дека инцидентот не се третира тероризам.

Слични содржини