Еди Рама ја прими вакцината против корона

од Stefanija Kuzmanovska

Албанија денес ја започна кампањата за вакцинација против новиот коронавирус, што првично ќе се спроведува на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана.

Албанскиот премиер Еди Рама и министерката за здравство и социјална помош Огерта Манастирлиу на прес-конференција го најавија почетокот на кампањата.

Рама, второто лице во Албанија што ја прими вакцината, рече дека денес е посебен ден затоа што земјата започнува кампања за вакцинација против КОВИД-19.

„Чувствувам олеснување, не само што успеавме да ги добиеме првите 500.000 дози од вакцината на Фајзер во нималку лесни услови, туку и се осигуривме дека вакцинацијата ќе започне пред време благодарение на билатералните односи“, рече Рама.

Тој нагласи дека албанските власти успеале директно да контактираат со Фајзер и дека истовремено биле отворени уште четири билатерални канали со четири земји.

Фото: Ројтерс

Слични содржини