Египет во еуфорија: Салах ќе игра против Уругвај

од Vladimir Zorba

Мохамед Салах се опорави од повредата на рамото и ќе игра во првиот натпревар од Египет на Светското првенство против Уругвај утре. Ова го изјави египетскиот тренер Ектор Купер.

„Салах се чувствува се подобро. Тој брзо се опорави, му обративме доста внимание. Тој веќе тренира со нас и можам да ве уверам речиси 100 отсто дека ќе игра уште против Уругвај. Исполнети сме со оптимизам“, рече Ектор Купер на прес-конференцијата пред натпреварот.

Тој додаде дека лекарите му дадле на Салах избор да одлучи дали да игра.

„Салах не се плаши и е подготвен да излезе на теренот“, рече Купер.

Слични содржини