Ејбрамс го предупреди Мадуро да не презема ништо против Гуаидо

од desk4

Пратеникот на САД за Венецуела, Елиот Ејбрамс синоќа го предупреди венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека каква било акција против самопрогласениот привремен претседател на земјата Хуан Гуаидо ќе претставува „многу глупав потег“.

– Безбедноста на привремениот претседател Гуаидо е загрижувачка. Некое време режимот не преземаше против него и се надевам дека тоа е затоа што препознаа дека тој има поддршка од мнозинството граѓани на Венецуела и би било исклучително глупав потег да дејствуваат против него, рече Ејбрамс.

Тој додаде дека САД ќе продолжат да вршат притисок врз Мадуро да поднесе оставка, преку воведување нови санкции и откривање скриени средства на тајни банкарски сметки или во златни плочки.

– Доколку имаат сметка и во Москва, ќе дојдеме и до неа, истакна Ејбрамс.

Слични содржини