ЕК ќе ја тужи АстраЗенека?

од Nikola Popovski

Европската комисија се подготвува да покрене постапка против АстраЗенека, објави европски „Политико“, цитирајќи пет неименувани дипломати на Европската Унија.

На состанокот на амбасадорите во средата, повеќето земји-членки на ЕУ изјавија дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата поради поплаки дека не ги доставува договорените дози на вакцини за коронавирус до Европската Унија, пренесува Ројтерс.

Целта на тужбата е да се принуди АстраЗенека да ги обезбеди дозите предвидени во договорот со ЕУ, се додава во информацијата што го цитира неименуваниот дипломат.

Слични содржини