Електричен Zeekr 001 со домет од повеќе од 1.000 km

од Vladimir Zorba

Кинеската автомобилска индустрија уште еднаш покажа дека може да се справи со конкуренцијата.

Малку познатиот Zeekr овде има нов модел. Атрактивниот 001 е веќе некое време на пазарот, а сега доби и верзија WE со деклариран домет од 1032 km според стандардот CLTC. Првиот пример беше претставен пред седиштето на CATL во Кина, што е и очекувано бидејќи во овој модел се инсталирани новите батерии CATL CTP 3.0 Quilin.

Клиентите можат да изберат помеѓу две конфигурации. Батериите со капацитет од 100 kWh овозможуваат автономија од 740 km, со забрзување до 100 km/h за 6,9 секунди, пишува CarNewsChina. Поголемите батерии со капацитет од 140 kWh нудат рекорден опсег од гореспоменатите 1032 km. Ова е воедно и првиот сериски автомобил во светот кој има батерии Quilin, но и прв со автономија поголема од 1000 km, според Index.hr.

Новата, трета генерација на батерии нуди рекордна енергетска густина од 255 Wh/kg, што е за околу 13% подобро од ќелијата за батерии 4680 на Panasonic што е инсталирана во Tesla.

Работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека Zeekr е бренд под Geely, кој ги поседува и Volvo, Polestar и Lotus. А најдоброто допрва доаѓа: верзијата со помала батерија започнува од 300.000 CNY или околу 39.300 евра. Верзијата со домет од повеќе од 1.000 километри чини 403.000 CNY или околу 52.700 евра во Кина.

Zeekr 001 е голем автомобил. Долг е помалку од пет метри, широк два и висок 1,56 метри, а растојанието меѓу оските е нешто повеќе од три метри. Во верзијата со два мотори има 400 kW/544 КС и 686 Nm, а 100 km/h достигнува за 3,8 секунди.

Слични содржини