Елен Деџенерис во шоуто случајно го откри полот на бебето Џенифер Лоренс

од Stefanija Kuzmanovska

Елен Деџенерис за време на нејзиното шоу разговараше по телефон со Џенифер Лоренс. Во еден момент таа изјави дека често ја слушала како зборува „со него“, поради што гледачите заклучиле дека актерката родила момче.

„Луѓето не го знаат тоа, но јас живеев во куќата каде што живееш сега кога ја започнав емисијата пред 20 години. Сега живеам до тебе и те гледам како живееш во мојата куќа со бебето. Инаку, те слушам понекогаш како зборуваш со него“, изјави водителката.

Да потсетиме, Џенифер Лоренс се породи во февруари.

Оскаровката и нејзиниот сопруг Кук Марони, сопственик на уметничка галерија, не сакаа да откриваат никакви детали за нивното дете.

„Секој инстинкт во моето тело сака да ја заштити неговата приватност до крајот на животот, колку што можам“, изјави Џенифер Лоренс за странските медиуми.

Слични содржини