Ер Франс намалува емисија на штетни гасови на домашни летови

од desk3

Извршната директорка на Ер Франс, Ан Ригај објави денеска дека авиокомпанијата ќе ја намали количината на јаглерод диоксид што се испушта за време на своите домашни летови до следната година.

Таа за „Паризиен“ изјави дека француската авиокомпанија ќе инвестира „неколку милиони евра“ во проекти како што се садење дрвја што би го неутрализирале јаглерод диоксидот како резултат на околу 500 летови на ден во Франција.

Активистите за климатски промени вршат голем притисок врз авио-индустријата изминатите години поради зголемувањето на емисиите на штетни гасови.

Слични содржини