Ердоган: Да се избегне ескалацијата на војната во Украина и нејзино проширување во земјите членки на НАТО

од Vladimir Zorba

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека мора да се избегнат сите чекори кои би можеле да доведат до ескалација на војната во Украина и можно проширување кон земјите членки на НАТО, додавајќи дека ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин по претседателските избори во Русија подоцна овој месец.

„Кога изјавивме дека го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рековме дека мировните планови што ја исклучуваат Русија нема да дадат никакви резултати“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека Анкара работи на обновување на договорот за извоз на жито преку Црното Море меѓу Украина и Русија, со посредство на ОН и Турција.

Слични содржини