Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Турција: „Напаѓачите ќе бидат фатени“

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Турција во врска со нападот на црквата „Санта Марија“ во Истанбул, во кој загина едно лице, пренесоа турските медиуми.

„Мое сочувство. Во потрагата по напаѓачите се вклучени сите безбедносни сили. Се преземаат неопходни чекори за да се фатат сторителите“, изјави Ердоган во врска со нападот кој се случи денеска за време на богослужба во католичката црква „Санта Марија“.

Во нападот е убиен еден турски државјанин. Полицијата организираше голема акција за фаќање на сторителите.

Според ТРТ Хабер, турскиот претседател телефонски разговарал со свештеникот на црквата, Антон Булаи, и со генералниот конзул на Полска во Истанбул, Витол Лешњак, на кои им го пренел своето сочувство и ги уверил дека напаѓачите ќе бидат фатени и казнети.

Црквата „Санта Марија“, која се наоѓа во областа Сариер во Истанбул, е италијанска католичка црква отворена за богослужба во 1866 година. Зградата била уништена во 1889 година, по што била обновена.

Слични содржини