Ердоган: Нападите врз Газа достигнаа ниво на масакр, молчењето е срам за човештвото

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск за војната меѓу Израел и Хамас.

Со оценката дека израелските напади врз Појасот Газа „достигнаа ниво на масакр“, Ердоган рече дека молкот на меѓународната заедница за ова е „срам за човештвото“.

Во соопштението од кабинетот на Ероган, се наведува дека претседателот на Турција рекол дека сите треба да помогнат „непречено да се доставува помош за невините цивили“ во Појасот Газа.

Ердоган го повторил ставот на Турција дека трајно решение на конфликтот во Израел може да се постигне само преку формирање независна палестинска држава.

Турција неодамна ги нормализираше односите со Израел, но во последните денови жестоко ја критикуваше таа земја за нејзините напади врз Појасот Газа.

Во средата, во обраќањето пред турскиот парламент, Ердоган објави дека го откажува планираното патување во Израел, велејќи дека „Хамас е група ослободители кои ја штитат својата земја“.

Слични содржини