Ердоган: Ниту САД, ниту Русија нема да се обидат да употребат нуклеарно оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Ниту САД, ниту Русија нема да се обидат да употребат нуклеарно оружје, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по состанокот на шефовите на разузнавачките служби на тие две земји во Анкара.

„Според информациите што ги добив од својот директор за разузнавање за САД и Русија, ниту еден од нив нема да се обиде да употреби нуклеарно оружје“, рече Ердоган, пренесе официјалната новинска агенција „Анадолија“.

Шефот на ЦИА Вилијам Барнс и неговиот руски колега Сергеј Наришкин се состанаа во Анкара претходно оваа недела, претходно потврди кабинетот на Ердоган.

Брнс тогаш, според Белата куќа, го предупредил шефот на руското разузнавање за последиците од прибегнувањето кон нуклеарно оружје, кое Русија се закани дека ќе го користи во Украина.

Белата куќа за таа средба изјави дека „не станувало збор за никакви преговори“ ниту за „разговори за решавање на војната во Украина“.

Слични содржини