ЕУ менува неколку амбасадори и специјални претставници во Западен Балкан – во Македонија доаѓа Грк

од Симе Стоиков

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, одлучи да смени неколку амбасадори или специјални претставници на ЕУ во Западен Балкан, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

На списокот на именувани амбасадори и специјални претставници, до кои пристап имаше РСЕ, го нема името на наследникот на специјалниот претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој неодамна беше информиран дека ќе стане амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Името на новиот специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина нема да се знае пред формирањето на новата Европска комисија по јунските избори за Европскиот парламент. Таа одлука ќе ја донесе ЕЕАС во соработка со земјите членки, најверојатно не пред крајот на летото.

Според списокот, кој генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) Стефано Санино го испрати до земјите членки на Унијата, мандатот на шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Томас Шунјог, кој е и специјален претставник за Косово, ќе заврши.

На местото на Шунјог ќе дојде амбасадорот на Естонија во ЕУ, Аиво Орав, кој претходно беше шеф на делегациите на ЕУ во Македонија и Црна Гора.

Италијанскиот дипломат Луиџи Сорека ќе биде шеф на Делегацијата на ЕУ во Сараево, која има и статус на специјален претставник на ЕУ, како и на Косово. Сорека е поранешен амбасадор на ЕУ во Албанија.

Сорек ќе го наследи Јохан Сатлер, кој ќе стане амбасадор на ЕУ во Црна Гора.

Амбасадор на ЕУ во Македонија ќе биде грчкиот дипломат Рокас Михалис, поранешен амбасадор на Унијата во Мексико.

Генералниот директор на ЕЕАС за Европа, Анџелина Ајхорст е назначена за амбасадор на ЕУ во Египет.

Огромното мнозинство од назначените се или дипломати на земјите-членки на ЕУ или претставници на ЕЕАС.

Слични содржини