Еврокомесарот Хан со извештајот на ЕК во Скопје

од desk4

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан денеска во Скопје ќе има средби со владини и политички претставници на кои ќе им го предаде Извештајот за напредокот на Македонија.

Досега тоа вообичаено го правеше амбасадорот на ЕУ во Македонија. Европската комисија во најновиот извештај препорачува безусловен почеток на преговорите за влез на Македонија во ЕУ.

Попладне во Скопје ќе допатува и високата европска претставничка, Федерика Могерини, која освен средбите со политичкиот врв на земјата, утре ќе се обрати пред пратениците во македонскиот Парламент.

Слични содржини