Европа го има својот Болт: Норвешки атлетичар освои злато и постави нов светски рекорд

од Stefanija Kuzmanovska

Норвешкиот атлетичар Карстен Ворхол освои злато на 400 метри со пречки на ОИ во Токио, поставувајќи нов светски рекорд.

Ворхол патеката од 400 метри ја претрча за 45,94 секунди, што е фасцинантен резултат. Бројни експерти за спортистот веруваат дека постигнувањето на големиот Норвежанец може да се спореди со светскиот рекорд на Усеин Болт (9,58).

По трката, Карстен Ворхол призна дека ова бил најголемиот ден во неговата кариера.

„Сето ова е лудо, ова е најголемиот момент во мојот живот. Дефинира сѐ, особено сите тие часови работа што ги вложив, сѐ што работевме јас и тренерот. Сонував за ова, работев како манијак, морам да ви кажам. Сонував. Цела ноќ правев вакво нешто, постојано размислував за тоа, па со ова злато комплетирав сѐ кога станува збор за медалите. Нема да спијам, минав илјадници часови размислувајќи за ова“, рече Ворхол.

Слични содржини