Фатен на радар: „Летал“ со 221 км на час

од Nikola Popovski

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 549 возачи.

Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 330 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 219 надвор од населено место.

Полицијата фатила и возач кој на радар бил фатен како се движи со високи 221 километар на час.

Од таму додаваат дека засилените сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Слични содржини