Фетел има семејни проблеми, пишуваат во Италија

од Vlatko K

Послабата втора половина од кампањата на Себастијан Фетел во Ферари делумно се должи на семејни проблеми, според италијанскиот медиум „Скај“, кој цитира свој извор.

Во последните пет трки Себ нема победа, а неговиот најдобар резултат е две трети места во Русија и Сингапур. Спротивно на тоа, Луис Хамилтон од Мерцедес е на чекор од својата петта титула, која може да ја освои во Мексико овој викенд.

Ферари и Фетел изгледаа фаворити на почетокот на сезоната. По летната пауза во шампионатот, сепак, нивната кампања почна да пропаѓа.

Од „Скај“ не го откриваат семејниот проблем на Фетел.

Настрана грешките на Фетел, Ферари се соочи со некои технички проблеми и направи сериозни стратешки грешки кои исто така оставија свој белег на тековните резултати.

Слични содржини