Филипче и одаде посебно признание на сестра Маја која денеска се грижи за пациентите со коронавирус (фото)

од Берта Китинска

Министерот  за здравство, Венко Филипче денеска посебно признание и одаде на медицинската сестра Маја.

Таа е дежурна во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состоби давајќи грижа на пациентите со коронавирус. Голема благодарност и до целиот персонал, посебно до сите докторки, медицински сестри и директорката Стевановиќ на Клиниката. По повод 8 Март се сретнав со докторката Катерина, се заблагодарив за посветеноста и го честитав празникот на сите жени во тимот кои се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Денеска, тие се хероини на денот! Честит 8 Март!, напиша Филипче на својот Фејсбук.

Слични содржини