Филипче: Не сме имале претходно понуда од Кина за вакцини

од Nikola Popovski

„Не сме имале претходно понуда од Кина, тоа што сега го правиме е разговор со кинески фабрики за директно да обезбедиме количина од 200.000 дози. Сметаме дека процесот на имунизација, кога ќе почне не смее да запре“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за телевизија Телма.

Според него, засега остануваме на моменталните мерки.

„Ја пратиме епидемиолошката ситуација. Имаме голем број празни болнички кревети, но не треба да се олабавиме“, истакна Филипче.

Тој уште еднаш напомена дека отворени се за сите вакцини во светот од повеќе извори, за кога ќе почне процесот на имунизација да не запре.

Слични содржини