Филипче: Пристигнаа вакцините од Грција, важно е сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација

од Берта Китинска

Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот Ковид 19, информираше Филипче.

Слични содржини