Филипче со тимот од МЗ и Агенцијата за лекови го изготвија записникот за прием на вакцините од „Фајзер“

Во посета на Институтот за трансфузиона медицина каде има и тим од Министерството за здравство, министерот, Венко Филипче заедно со Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, изготвија записник за прием на фајзеровите вакцини кои утринава пристигнаа од соседна Србија.

Како што информира ресорното министерство, со записникот се утврди дека е почитуван ладниот ланец во текот на транспортот на вакцината, како и начинот на отпакување и складирање на вакцината.

-Вакцините беа спакувани во кутија со сув мраз, каде во одделни кутии се спакувани повеќедозажни вијали, се вели во соопштението.

Слични содржини