ФИТР ќе ги објави најдобрите ученички истражувачки проекти од вториот повик

од Vladimir Zorba

Фондот за иновации и технолошки развој денеска на завршен настан во Градскиот парк ќе ги објави избраните најдобри проекти на ученици од основни и од средни училишта кои аплицираа на вториот повик „Предизвик за млади истражувачи“. На повикот кој траеше од 1 февруари до 31 март 2019 се пријавиле 88 основни и  средни училишта од целата земја, а во финалето влегоа шеесет и три.

Максималниот износ за поддршка по проект е 300.000 денари. За изборот на проектите  одлучува комисија со претставници од ФИТР, МОН, Народна техника  и од други институции.

ФИТР во соработка со Министерството за образование и наука втора година го организира повикот за проекти на млади истражувачи  со цел кај учениците да поттикне критичко и креативно размислување и да стимулира иновативни идеи.

Слични содржини