Физикела ги оцени шансите за титула на Хамилтон со Ferrari

од Vladimir Zorba

Џанкарло Физикела е еден од ретките италијански возачи во поновата историја на Формула 1 кој возел за Ferrari, а по завршувањето на неговата кариера во светскиот шампионат, продолжи да работи со Скудерија. Физикела е свесен како функционира Ferrari и затоа си зеде слобода да предвиди пред италијанскиот печат какви се шансите на 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон за осма титула, сега во боите на италијанскиот тим.

„Претпоставувам дека Луис ќе има добри шанси да ја освои својата осма светска титула со Формула 1 – објасни Џанкарло. – Тешко ми е да кажам како точно се ќе се случи, но според мене веројатноста за уште една титула за Хамилтон со Ferrari е 30 или 40%. Ако го направи тоа, ќе стане најуспешниот возач во историјата на Формула 1. Се надевам дека ќе го постигне тоа, но се ќе зависи од болидот што ќе му го создадат во Ferrari. Веќе зборуваме за 2025 година, но прво да видиме дали во 2024 година Луис и Merecedes нема да ги изненадат своите ривали“.

51-годишниот Физикела ја коментираше и ситуацијата со Кристијан Хорнер во Ред Бул, прогнозирајќи дека шефот на тимот најверојатно ќе мора да си замине, бидејќи повеќе нема корист за тимот и компанијата.

Слични содржини