Флорида со нов црн рекорд: Ако би била посебна земја, ќе биде на четвртото место во светот по бројот на новозаразени

од Nikola Popovski

На Флорида e регистриран рекорден број на случаи на новозаразени со коронавирусот за 24 часа – 15.299, што е приближно една четвртина од вкупниот број нови случаи на заразени во САД на дневна основа.

Земјата со само седум проценти од американското население го надминала претходниот црн дневен рекорд што го држела Калифорнија, пишува Би-Би-Си.

Се покажа дека Флорида, која во мај започна да ги крева ограничувањата воведени како резултат на епидемијата на вирусот, е ранлива поради туризмот и постарата популација.

Флорида ги надминала најлошите дневни стапки на инфекција регистрирани во април во Њујорк. Само денес во земјата починале 45 лица поради компликации со Ковид-19.

Според анализата на Ројтерс, ако Флорида би била земја, тоа би била четврта во светот по бројот на новозаразени.

Повеќе од 40 болници во оваа американска држава соопштиле дека се исполнети нивните капацитети за интензивна нега.

Слични содржини