(ФОТО) Што облекоа гостите на кралската свадба

од Vladimir Zorba

Во моментов, светот е жеден за деталите за еден од најзначајните ѕвездени настани во 2018 година – кралската свадба.

Принцот Хари и Меган Маркел официјално станаа сопружници пред неколку минути, а нивната свадба собра на едно место аристократи, принцови, принцези, ѕвезди од целиот свет и, се разбира, Кралицата.

Како ниедна кралска свадба до овој момент, оваа на Принцот Хари и Меган Маркел е со особено голем број ѕвезди, мислејќи на холивудските пријателства на невестата.

Еве ги најпопуларните свадбени гости и кои фустани тие ги избраа:

1. Опра Винфри

Опра Винфри беше една од првите кои дојдоа на церемонијата. Познатата актерка и тв водителка избра тоалета на Стела Макартни, во комбинација со силен додаток – капа.

2. Пипа и Џејмс Мидлтон

Семејството на ѕвездите се појави на свадбата и ги собра очите на присутните. Пипa се појави во минт зелена наметка со розови цветни елементи збогатени со плисе.

3. Џорџ и Амал Клуни

Холивудскиот актер се појави со неговата сопруга. Амал Клуни избрала сончево жолт фустан со кратки ракави, чиј модел беше направен од страна на Стела Макартни.

4. Дејвид и Викторија Бекам

Присуството на Дејвид и Викторија Бекам е задолжително на кралската свадба, особено имајќи го предвид статусот на семејството. Викторија се појави во фустан, дел од нејзините сопствени колекции, а сличноста со фустанот со кој се појави на свадбата на Принцот Вилијам и Кејт беше видлива.

5. Серена Вилијамс и Алексис 

Познатата тениска ѕвезда Серена Вилијамс се појави со својот сопруг Алексис. Серена се појави во нежно розов фустан и завидна форма. Акцентот во тоалетата е на масивниот ѓердан.

6. Пријанка Чопра

Добрата пријателка на Меган Маркел беше еден од очекуваните и задолжителните гости на венчавката. Таа се појави во деликатна облека специјално изработена од Вивиен Вествуд.

Слични содржини