ФОТО: Сите влезови во Дебар блокирани, се врши дезинфекција во градот

од Aleksandar Todeski

Влезовите во Дебар од попладнево се блокирани со полиција. Влез во градот од страна на жителите на Дебар може да влезат до полноќ, а останатите граѓани кои сакаат да поминат таму, ќе мора да носат доказ од лекар дека немаат никаква болест. Додека градот е во карантин, на планината, недалку од куќите во тој дел на Дебар, изби пожар.

Инаку претседателот Стево Пендаровски донесе одлука Армијата да помага на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

Се врши и дезинфекција во општината, а се прават и контролни тестови дали има нови граѓани заболени од коронавирусот.

Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, како што најави министерот Венко Филипче, а и како што соопшти владата по седницата, ќе трае во наредните 30 дена, со можност да се продолжи.

Во понеделник ќе заседава и Советот за национална безбедност, а ќе се одлучува дали ќе има кризна состојба на територијата на целата држава.

Слични содржини