Франција стравува од терористички напади за време на Париз 2024 година

од Vladimir Zorba

Одлуката за намалување на бројот на гледачи на церемонијата на отворањето на Олимпијадата во 2024 година во Париз е донесена на барање на францускиот претседател Емануел Макрон поради стравувања од напади на исламистички терористички групи. Ова го објави европската верзија на весникот „Политико“, повикувајќи се на анонимен висок функционер во француското Министерство за внатрешни работи.

Макрон се плаши од проблеми со контролата на гледачите и безбедносни проблеми бидејќи церемонијата на отворање за прв пат ќе се одржи на отворено – на брегот на Сена, наместо на стадион.

Изворот на весникот посочи дека француските разузнавачки служби сè уште не регистрирале закана од терористички напад за време на игрите, но рече дека „главна закана е исламскиот тероризам“. Француското Министерство за внатрешни работи смета дека голем број терористички групи кои дејствуваат надвор од Франција ја сметаат земјата за можна цел за иден напад, но немаат доволно финансиски средства. Како пример изворот ги посочува терористичките групи „Ал Каеда“ и „Исламска држава“.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен вчера изјави дека околу 326.000 луѓе ќе можат да ја следат церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз на брегот на Сена. Како што забележува „Политико“, ова е речиси половина од првично планираниот број на гледачи – во октомври 2022 година министерот зборуваше за можноста на настанот да присуствуваат 600 илјади луѓе.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

Слични содржини