Франција го казни Гугл со половина милијарда евра

од Nikola Popovski

Француските власти го казнија Гугл со 500 милиони евра за непочитување на правилата во врска со договорот со медиумските компании за обештетување за користењето на нивните вести на нивните платформи.

Според одлуката на Франција, Гугл ќе мора да предложи во следните два месеца како ќе ги обештети медиумските компании за користењето на нивните вести.

Доколку не го сторат тоа, ќе мора да плаќаат дополнителни казни од 900.000 евра на ден, објави Ројтерс.

Француските медиумски компании АПИГ, СЕПМ и АФП го обвинија Гугл дека не нашол решение за време на преговорите за надоместокот за користење вести на Интернет, што е регулирано со новата директива на ЕУ.

Гугл ги прекрши налозите издадени на таа компанија од страна на француските власти, во кои беше побарано да преговара со медиумските компании кои тоа го бараа во рок од три месеци.

АПИГ, кој претставува поголем дел од печатените медиуми, како што се Фигаро и Монд, остана еден од обвинителите и покрај потпишувањето на рамковниот договор, бидејќи тие го ставија договорот во мирување поради одлука на француските институции, дознава Ројтерс.

Слични содржини