Франција нуди тестирање за 1,3 милиони луѓе низ Париз

од Vladimir Zorba

Франција ги интензивираше напорите за искоренување на скриените кластери на заразени, нудејќи тестирање на скоро 1,3 милиони луѓе во поголемиот дел од Париз.

Проширувањето на француската програма за тестирање беше најавено во четвртокот од министерот за здравство Оливие Веран, во интервју за весникот „Ле Монд“. Здравствените службеници ќе испратат купони до граѓаните, кои тие ќе ги дадат во замена за тест.

– Целта е да се идентификуваат сите скриени кластери, така да се каже, невидлива концентрација на асимптоматски случаи – рече Веран.

Министерот, исто така, рече дека Франција се подготвува за можноста за втор бран на епидемија, зголемување на залихи на лекови и правење планови за оспособување на здравствени установи за лекување до 30.000 лица во единиците за интензивна нега доколку е потребно.

Франција имаше повеќе од 7.000 пациенти во екот на епидемијата во април, во која загинаа скоро 30 000 луѓе. Бројот на нови случаи сега е намален на под 700, пренесува АП.

Слични содржини