Фридом Хаус: Дигиталните платформи станаа ново „бојно“ поле за демократија

од Hristina Nikolovska

Според годишниот извештај на Фридмом Хаус брзото ширење на дигиталните авторитаризам и тактика се повеќе ја загрозуваат слободата. Во Извештајот повикуваат на итни реформи во областа на социјалните мрежи, бидејќи иднината на заштитата на приватноста, слободата на изразување и демократијата зависат од тоа.

Репресивните режими, политичарите со авторитарни амбиции и бескропулозните странски оперативци користат слабо регулиран простор на друштвените мрежи, претварајќи ги во инструменти за политичка манипулација и контрола, стои во Извештајот кој делумно е финансиран од американската влада.

Дигиталните платформи станаа ново „бојно“ поле за демократија, а обликувањето на протокот на информации сега е клучна стратегија за оние кои сакаат да го попречат демократскиот избор. – се вели во извештајот.

Домашната влада и локалните актери користеле интернет во напорите да влијаат на исходот на 26 од вкупно 30 национални изборни процеси кои ги анализираше Фридом Хаус за потребите на извештајот. Заклучокот е дека домашните и странските чинители ги користеле интернет мрежите за ширење на теории на заговор и измамнички содржини честопати заедно со провладини медиумски личности и функционери.

-Многу влади открија дека на друштвените мрежи пропагандата дава подобри резултати од цензурата. – рече Мајк Абранович, претседател на Фридом хаус.

-Авторитарците и популистите ширум светот ја злоупотребуваат човековата природа и компјутерските алгоритми за да ги наполнат гласачките кутии безобразно газејќи ги правилата на фер избори.

Во многу држави порастот на популизмот и десничарскиот екстремизам се поклопи со порастот на интернет групи кои немаат автентични корисници, но и порастот на лажни профили.

Интернет дезинформациите ги зафатија и САД кога се во прашање големите политички случувања.

Фридом Хаус исто така утврди пораст на владите кои ангажираат ботови и отвараат лажни профили за да го обликуваат јавното мислење и да ги напаѓаат противниците. Такво однесување е забележано во 38 од 65 држави опфатени со истражувањето.

Кина четврта година по ред е рангирана на самиот врв на земји кои ја злоупотребуваат интернет слободата.

Фридом Хаус наведува дека авторитарните сили како што се Кина и Русија, како што пишува во извештајот, одиграле клучна улога за технологијата да не биде во функција на унапредување на човековите права.

Од 65 држави кои биле опфатени со анализата во 47 се споведува апсење поради изразување на политички, друштвени и верски ставови на Интернет.

И покрај просторот за злоупотреба и манипулација интернетот останува за преиспитување на државните власти и одбрана на основните слободи. – се наведува во Извештајот на Фридом.

.

Слични содржини