Гал Гадот планира холивудска проекција на снимки од нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Гал Гадот, најпозната по улогата во филмот „Wonder Woman“, планира холивудска проекција на снимките од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Како што пишува i24, станува збор за 47-минутно видео обезбедено од израелските одбранбени сили, а планирано е проекцијата да биде организирана за 120 гледачи, со можни дополнителни проекции.

Според натамошните наводи, видеата се направени од членови на Хамас, а на него се прикажани убиства, силувања и обезглавувања на Евреи, како и масакрот на музичкиот фестивал „Нова“.

Режисерот, добитник на Оскар, Гај Натив, ја предводи иницијативата и тој рече дека Гал Гадот и нејзиниот сопруг Јарон Варсано „помогнале да се овозможи тоа“.

„Како режисер, ветив дека овие слики од 7 октомври нема да бидат заборавени и дека светот ќе ги види. Не можеме да молчиме“, изјави Натив за споменатиот медиум.

Засега Гал не објави ништо за оваа проекција, а од самиот почеток на војната меѓу Израел и Палестина на своите социјални мрежи објавува шокантни фотографии и видеа, а таа е меѓу првите познати личности кои проговорија за војната.

Актерката има израелско потекло и некогаш служела војска во израелските одбранбени сили, бидејќи тоа е задолжително за жените таму.

Слични содржини