Ганиу: Изградбата на патот кај Чаирчанка, ќе биде проблем и предизвик

од Destan Jonuzi

Во емисијата „Патот кон“ на Алсат М во своето вечерашно гостување градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу меѓудругото изјави дека за општина како што е Чаир, од големо значење, има инвестиција од Владата само од еден милион евра.

– Проекти за 2020-2022 година, без да навлегуваме во детали, за една многу важна општина како што е Чаир, имаме само еден милион евра инвестиции, ова покажува се, така што не значи дека има пречки, но нема ниту напредок, рече Ганиу.

Запрашан за експропријацијата на објектите за изградба на патот до Чаирчанка, Ганиу нагласи дека овој проект ќе биде предизвик и проблем.
– Огласот е за избор на оператор за евалуација на објектите, таа фаза е помината. Операторот што го земал е на терен. По евалуацијата ја започнуваме соработката со граѓаните за експропријација на објектите, изјави Ганиу.

“Ќе биде предизвик, но над 98 отсто од граѓаните ја поддржуваат оваа идеја”, рече Ганиу.

Слични содржини