Гаши: Тачи ќе биде сослушан во Хаг како осомничен, можен е и притвор

од Vladimir Zorba

Специјализираната комисија во Хаг има право да го сослуша претседателот на Косово, Хашим Тачи, но постои можност тој да биде сослушан од обвинителството, доколку судијата за подготвителната постапка не го потврди обвинението, изјави денеска приштинскиот адвокат Том Гаши.

Тој гоизјави ова за „Косово онлајн“ по објавата на Тачи дека ќе патува во Хаг во понеделник и додаде дека очекува Специјалното обвинителство во Хаг да го испраша Тачи како осомничен.

Гаши додаде дека, доколку се потврди обвинението, притворот не е задолжителен за обвинетиот и осомничените, освен ако судијата тоа не го побара.

„Во таа ситуација, само судијата одлучува, а не обвинителството. Мислам дека нема причина за Тачи и Весели да се бара притвор, освен ако немаат докази дека наводно се обиделе да влијаат врз сведоците или на нешто друго што е ризично за нив“, рече Гаши.

Слични содржини