Гејтс: Светот се соочува со пандемии кои ќе бидат многу полоши од коронавирусот

од Vladimir Zorba

Светот се соочува со пандемии кои ќе бидат многу полоши од коронавирусот. Тоа го рече основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, повикувајќи ги владите да се подготват и да издвојат милијарди за борба против следната глобална епидемија.

„Омикрон“ и „Делта“ се најзаразните вируси досега, рече Гејтс, но светот ќе се соочи со посмртоносни и потешки инфекции во иднина.

Милијардерот се пожали на „чудните“ приоритети во светот. Филантропите и богатите влади треба да се справат со оскудниот и тежок пристап во светот до вакцини против Ковид, рече милијардерот. Коалицијата за подготвеност за иновации доби донација од 300 милиони американски долари од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и „Wellcome Trust“, со седиште во Велика Британија. Коалицијата е вклучена во формирањето на програмата „Covax“, која помага во снабдувањето со вакцини за земјите со низок и среден приход.

Гејтс неодамна предвиде дека до средината на 2022 година, пандемијата на коронавирус можеби ќе заврши ширум светот. Дотогаш, бројот на смртни случаи и севкупниот морбидитет ќе го достигнат нивото на сезонски грип, изјави основачот на „Мајкрософт“.

Гејтс предвидува дека за да може човештвото да се справи со идните пандемии, мора да може да создаде вакцини за нив во рок од 100 дена.

Слични содржини