Георгиев заминува од чело на Судскиот совет

од Nikola Popovski

Судскиот совет на Република Северна Македонија попладнево ја почна итната седница на која на дневен ред се констатирање на престанок на мандатот на претседателот Сашко Георгиев, по сопствено барање, и постапување по одлука на Управен суд за разрешувањето на поранешната претседателка, Весна Дамева.

На дневен ред на седницата се три точки:

-Констатирање престанок на мандатот на претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, по сопствено барање

-Постапување по одлука на Управен суд

-Разно

Управниот суд денеска ја објави пресудата во која меѓу другото е наведено дека Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување.

Весна Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување. По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд.

Слични содржини