Германската полиција соопшти дека маж пукал од воздушна пушка врз камп за бегалци на запад во Германија при што полесно се повредени 5-годишно девојче и 18-годишно момче.

Напаѓачот (21) пукал од прозор од својот стан кој е на трет спрат и оддалечен само 40 метри од бегалскиот камп.

vozdusna-300x225

Мајката на девојчето од Македонија забележала дека на детето му е повредена ногата, а сведок го видел напаѓачот како пука од станот при што ранил и 18-годишен Сириец во ногата.

Полицијата го претресла станот на напаѓачот и пронашла муниција и воздушна пушка. Тој меѓутоа, не е приведен бидејќи како што соопшти полицијата, „немало основа за негово апсење“.

– Не е познато дали нападот е политички мотивиран, изјави портпарол на полицијата, пренесе Танјуг./МИА

Слични содржини