Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформи во СЗО

од Vladimir Zorba

Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформата на Светската здравствена организација како резултат на обидите на САД да го имаат главниот збор во преговорите, иако Вашингтон претходно одлучи Америка да ја напушти таа организација.

Нивниот потег е удар за американскиот претседател Доналд Трамп затоа што Вашингтон, кој моментно е претседава со Г7, се надеваше дека ќе објави заеднички план за реформа на СЗО во септември, два месеци пред претседателските избори во САД.

Соединетите држави во јули објавија дека ќе го напуштат СЗО за една година, откако Трамп ја обвини организацијата дека е премногу блиска до Кина и за лошо управување со пандемијата на коронавирус, што СЗО го отфрли.

„Никој не сака да влезе во реформскиот процес и да добие нацрт за тоа од земја што штотуку ја напушти СЗО“, рече висок европски функционер, учесник во преговорите.

На прашањето за потврда на одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на владите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија немаа коментари.

Во меѓувреме, француското Министерство за здравство објави: „Соединетите Американски држави не треба да бидат лидер во реформите во СЗО, откако објавија дека имаат намера да ја напуштат таа организација“, пренесуваат агенциите.

Слични содржини