Германија ја прогласи Виена за „корона ризична“: Не одете таму

од Aleksandar Petrovski

Германија официјално го прогласи главниот град на Австрија, Виена, регион со ризик од корона.

– Ве советуваме да не правите непотребни патувања и туристички патувања во провинцијата Виена во моментот поради високата стапка на инфекција – објави Министерството за надворешни работи на Германија.

– Провинцијата Виена е ризичен регион – се вели и на веб-страницата на институтот Роберт Кох (РКИ).

Германското Министерство за надворешни работи го објаснува вклучувањето на Виена во ризичните региони со зголемениот број на заразени лица.

– Во моментов има повеќе од 50 случаи на корона на 100.000 жители во Виена за една недела, поради што Виена е вклучена во ризичните региони. Ова значи дека при влегување во Германија, некој што престојувал во Виена мора да оди на задолжителен бесплатен тест за PCR или карантин – објаснува Министерството.

Слични содржини