Германците ќе можат да го менуваат полот во официјалните документи еднаш годишно

од Stefanija Kuzmanovska

Германската влада има намера со закон да ја олесни промената на полот во официјалните документи.

Од средината на 2023 година, на сите граѓани од 14 години треба да им биде овозможено да го променат полот и името со одење кај матичар. Министерот за правда Марко Бушман и министерката за семејство Лиза Паус го презентираа нацртот на новиот закон.

Секој кој моментално во Германија сака да го промени полот во своите документи мора да помине низ долга процедура, која вклучува два психијатриски тестови, врз основа на важечките закони од 1980 година.

Според новиот закон, секој граѓанин од 14 години може да оди кај матичар и да го промени полот на едноставен начин, без операција.

Интересно е што законот не предвидува само една промена, туку им дозволува на граѓаните да го менуваат полот неколку пати, и тоа еднаш годишно.

Слични содржини