Ги разбудил луѓето од сон: Земјотрес во БиХ

од Stefanija Kuzmanovska

Рано утрово земјотрес го погодил североисточниот дел на Босна и Херцеговина.

Сараевски „Дневни аваз“ јавува дека епицентарот на земјотресот бил на 15 километри од Сански Мост.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот кој ја погоди БиХ во 05:32 часот, бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.

Нема информации за материјална штета или повредени.

Хрватскиот веб-сајт „Индекс“ објави дека земјотресот бил почувствуван во Сплит и други делови на Далмација.

Како што навеле очевидци од областа на социјалните мрежи, земјотресот бил краток, но силно почувствуван, а многу луѓе разбудил од сон.

Слични содржини